Фудбал во Македонија: Незадоволни навивачи и играчи нападнале судии во Тетово

Немилите сцени на спортските терени во Македонија не беше отсутни ни изминатиот викенд. Имено, во општинската фудбалска лига на Тетово играчи на 40-тина навивачи на Беса од Челопек на гостувањето кај Вардар од Брвеница, незадоволни од судиска одлука влегле на теренот физички да се пресметаат со судиите.

Навремената реакција на полицијата спречила вистински хаос, но натпреварот не се доиграл со оглед на тоа што гостите не се смириле, стои во полицискиот извештај.

„Вчера (9 април) во СВР Тетово пријавено е дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина навивачи и резервни играчи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот. Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно, по што натпреварот е прекинат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните“, објави МВР.

Се вчитува...