Фудбал завеан во снег… Второлигашите утрово под „снежен третман“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Како по обичај, македонските фудбалски клубови зимските подготовки, под влошени временски услови, секоја година ги импровизираат во очекување на стартот на пролетната сезона. Оние седум прволигаши кои подготовките ги реализираат во Анталија, Турција, во суштина минуваат некакви подготовки, но домашните второлигаши факт е дека мака-мачат да ги подготват соодветно тимовите на домашен терен.

Така беше и утрово ширум Македонија… Второлигашките екипи ги продолжија тренинзите но под „специјален снежен третман“. Некои се убаво исчистени терени – како ФК Лабуништа, а некои буквално со тренинг на снег – како ФК Тиквеш. Под снег работат и сите останати. Кој како знае и умее!

 

Се вчитува...