Фудбалер кој играше во Премиер-лига затрупан во рушевините по земјотресот во Турција

Ужасни вести ни доаѓаат од Турција, каде што животот го загубија над 1.000 луѓе по разорните земјотреси кои ја погодија државата. Еден од исчезнатите е фудбалерот од Гана,  Кристијан Атсу.

Ганецот неколку часа пред земјотресот постигнал гол во 97. минута за победа на Хатајспор над Касимпаша. Тој по земјотресот не се јавувал на повиците од клубот. Потрагата во моментов трае по него.

Атсу беше купен од Челси во 2013 година, но за тимот од „Стемфорд бриџ“ нема ниту еден одигран натпревар. Од лондонскиот клуб тој беше на позајмица во: Витесе, Евертон, Бормут, Малага и Њукасл, пред да премине во турскиот клуб.

Еден од исчезнатите е и голманот на Малатиаспор Ахмет Ејут Туркаслан по кој исто така се трага.

Се вчитува...