Фудбалер на Астон Вила постави рекорд во ЛШ

Фудбалерите на Астон Вила имаат предност од 2-1 на домашен терен против Селтик во последниот натпревар од лигашкиот дел од новата сезона во Лигата на шампионите.

Водство за домаќините од 2-0 донесе Роџерс кој со своите два гола во 3. и 5. минута испиша историја во елитното натпреварување.

Роџерс со ова достигнување стана првиот играч во историјата на најсилното фудбалско натпреварување на стариот континент кој успеал да постигне два гола во првите пет минути.

 

Се вчитува...