Фудбалерот на Атлетик Билбао, Јерај Алварез успешно се опоравува по операцијата на која беше подложен поради карцином на тестисите.
На дефанзивецот на Атлетик му беше откриен ракот по тестовите кон средината на декември, а последните лекарски наоди, по операцијата, покажале дека хируршката интервенција успеала максимално па нема да има потреба од дополнително лекување.
Атлетик соопшти дека лекарите и натаму ќе го следат здравјето на Алварез, а веќе од следните денови постепено ќе се враќа во тимот. Алварез се до откривањето на туморот беше стандарден член на првиот тим на шпанскиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА