Фудбалер на Баерн ќе ги решава најголемите проблеми на Ливерпул?

Ливерпул игра разочарувачката сезона во која најголемиот проблем е одбраната. „Црвените“ на 16 одиграни натпревари примија 24 голови па повеќе од јасно е дека по импресивните засилувања во нападот ќе следат трансфери за зајакнување на одбраната.

Еден од нив би можел да биде стоперот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано кој според германските медиуми е понуден на актуелниот премиерлигашки шампион.

Неговиот договор со бундеслигашот истекува на крајот на сезоната, а преговорите за продолжување на соработката не се одвиваат во посакуваното темпо па тоа би значело дека Ливерпул нема да треба да издвои голема сума на пари за негов ангажман.

Проблемот се јавува во желбата за откупна клаузула од 65 милиони евра со која негодува Баерн Минхем, како и посакуваната плата од 18 милиони евра по сезона.

Се вчитува...