Френк Кеси ја засили Барселона како слободен играч по истекот на договорот со Милан, но и покрај тоа што имаше големи очекувања не успеа да се снајде на „Камп Ноу“. Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска е незадоволен со минутажата која се очекува дополнително да се намали по потписот на Икај Гундоган.
Кеси поради тоа е пред заминување од каталонскиот тим, а како следна дестинација се јавува Саудиска Арабија од каде има две богати понуди, пренесуваат шпанските медиуми.
Станува збор за Ал Наср и Ал Хилал кои му нудат неколку пати поголема плата од таа која ја има во Барселона, но за премин во Саудиска Арабија прво ќе мораат и тамошните клубови да се договорат со каталонците за обесштетување. Барселона бара 20 милиони за играчот од средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

