Фудбалер на Бенфика позитивен на коронавирусот

Фудбалер на Бенфика е позитивен на коронавирусот, јавуваат медиумите во Португалија. Станува збор за младиот фудбалер за врска, Давид Тавареш, кој има 21 година и настапува за Б-тимот на португалскиот гигант.

Тавареш нема симптоми на Covid-19, но сепак неговиот тест се покажал позитивен. Тој е во изолација, исто како и сите со кои имал контакти во изминатиот период.

Во Португалија се повеќе расте бројот на заболени фудбалери од коронавирусот. Присуството на Covid-19 е откриено и кај тројца фудбалери на Фамаликао.

 

Се вчитува...