Дефанзивецот на Атлетик Билбао Јерај Алварез доби суспензија од 10 месеци откако падна на допинг контрола по мечот со Манчестер јунајтед од минатата сезона во полуфиналето од Лигата на Европа.
30-годишниот дефанзивец по мечот бил избран за допинг контрола, по што се покажал позитивен на недозволена супстанца која се наоѓа на листата на забранети супстаници на Меѓународната антидопинг агенција (ВАДА).
Јерај и Билбао имаат право на жалба на оваа одлука на ВАДА пред меѓународниот суд за Спортска арбитража (ЦАС).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

