Поранешниот репрезентативец на Англија, Арон Ленон, задржан е на лекување на Клиника за психијатриски болести, поради менталната состојба во која се наоѓа. 30-годишниот фудбалер на Евертон пренесен е во болница по итниот повик и реакцијата на полицијата
„Ленон е на посебна нега поради неговата болест предизвикана од стрес“ – стои во соопштението од англискиот клуб.
Веднаш по објавувањето на веста дека се работи за поранешниот англиски репрезентативец, за Ленон почнаа да стигнуваат пораки со поддршка од сите страни.
„Полицијата е повикана околу 4.35 наутро поради грижа за менталната состојба на човек на Еклс Олд Роуд. Полицајците му пријдоа на 30-годишен човек и го приведоа врз основа на член 136 од Законот за ментално здравје и тој е однесен во болица на испитување“ – се наведува во соопштението од полицијата.
Поранешниот фудбалер на Тотенхен, на „Гудисон Парк“ дојде во 2015 година. Ленон од февруари годинава нема настап за првиот тим на Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА