Фудбалер на Фламенго предизвикал сообраќајка со смртни последици

Младиот 20-годишен фудбалер на Фламенго, Рамон Рамос Лима ноќеска во Рио прегазил велосипедист. Левиот бек со автомобил удрил во лице кое доставувало храна со велосипед, но 30-годишното лице починало на пат кон болница од здобиените повреди.

Нема детали околу тоа што се случило. Фламенго порача дека Лима е фудбалер кој секогаш ги почитувал правилата, и не бил наклонет кон проблеми, но секако побара истрагата да покаже што се случила.

Фудбалерот бил на распит во станица.

Се вчитува...