Фудбалер на Хофенхајм си замина од сред натпревар со Ц. Звезда за да присуствува на раѓање на детето

На синоќешниот натпревар меѓу Хофенхајм и Црвена Звезда (2-0) во Лигата на Европа се случи ситуација каква ретко може да се види во професионалниот спорт.

Тренерот на Хофенхајм, мораше да го замени Флоријан Грилич, а причина е СМС пораката која ја добил Грилич дека за неговата сопруга дошло време да се породи. До моментот на замена Грилич беше најдобриот на теренот во составот на германскиот тим.

„Нема потреба да разговараме за таа замена. Само се надеваме дека тој и неговата сопруга ќе добијат здраво „Лига Европа“ бебе“ – истакна низ смеа тренерот на Хофенхајм на прес-конференцијата по победата над српскиот шампион.

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by Florian Grillitsch (@floriangrillitsch) on

Се вчитува...