Фудбалер на Јувентус одби трансфер во Англија, сега раководството го блокира преминот во Франција

Бадо Самбаге, агентот на американскиот фудбалер Тимоти Веа го оптужи еден од спортските директори на Јувентус дека го саботира трансферот на неговиот фудбалер во Марсеј и покрај постигнатиот договор за лични услови.

За Веа повеќе нема место во Јувентус. За тоа доволни говори и фактот дека не доби шанса за настап на ФИФА Светското клупско првенство при кое се наоѓаше пред трансфер во Нотингем Форест, но Американецот ја одби можноста да се пресели во Премиерлигата.

„Тим Веа секогаш е професионален, но беше изоставен од ФИФА Светското клупско првенство. Тој еден човек му го уништи настапот на тој турнир обидувајќи се да го принуди да оди таму каде што не сакаше да оди. Денес, од злоба, тој бара огромна сума и чека понуда од Премиерлигата што никогаш нема да дојде и која ние никогаш нема да ја прифатиме.

Овие застарени методи нема да функционираат кај мене. Обично не зборувам, но да молчам денес би било да го прифатам она што е неприфатливо и крајно непочитувачко. Класата не може да се купи, барем не кога станува збор за менаџментот, но таа отсекогаш била дел од Јувентус. Сега еден човек го поткопува, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави агентот на Веа.

Се вчитува...