Фудбалер на Копенхаген бесен на Гарначо: Тој е кловн

Копенхаген и Манчестер Јунајтед одиграа спектаклуран натпревар во четвртото коло од Лигата на Шампионите. „Црвените ѓаволи“ со играч помалку водеа во 84. минута, а потоа домаќините успеаја да направат целосен пресврт и да го доведат англискиот великан блиску до крај на европската авантура уште оваа есен.

Фудбалерот на Копенхаген, Денис Вавро по натпреварот упати критики кон младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо нарекувајќи го кловн поради обидот повторно да ја уништи белата топка пред изведување на пеналот на крајот на првото полувреме како и на средбата одиграна на „Олд Трафорд“.

„Видов дека повторно ќе се обиде да направи нешто на белата топчка, но Кевин Дикс стоеше напред и го блокираше. Тоа му е втор пат. Прво на „Олд Трафорд“, а потоа и на нашиот терен? За мене тоа е кловн. Има менталитет на дете ако се обидува да го направи истото на гостински натпревар. Едно е да го направиш тоа дома во 97. минута, а друго е тука во првото полувреме. Не го разбирам“, изјави Вавро.

Се вчитува...