Фудбалер на Ливерпул поради прославата во Лига купот може да добие суспензија

Ливерпул овој викенд стигна до деветтиот трофеј во Лига купот на Англија откако во финалето славеше против Челси по изведба на пенали. „Рулетот“ беше одлучен во 11 серија, а по големото промашување на Кепа Аризабалага следеше големо славје на фудбалерите во црвено.

Сепак славјето може да биде комбно по сезоната за Харви Елиот бидејќи поради прослава со факел може да добие супензија од Фудбалскиот сојуз на Англија со оглед на тоа што пиротехничките средства се забранети на „Островот“.

Фудбалската федерација официјално бараше појаснување на ситуацијата од 18-годишникот, а по сослушувањето дополнително ќе одлучи дали ќе го казни крилниот играч.

Се вчитува...