Фудбалер на Ливерпул сите ги шокираше со појавата на собирот на француската репрезентација (ВИДЕО)

Францускиот репрезентативец Ибрахим Конате приреди вистинско изненадување за соиграчите и за медиумите со стајлингот на собирот на националниот тим пред мечевите од Лигата на нациите.

Новинарите и фоторепортерите останаа без зборови пред фудбалерот на Ливерпул кој беше препознаен дури откако се откри.

„Не знаеш кој сум јас?“ – праша Конате откако излезе од автомобилот.

Франција ја очекуваат натпревари со Израел на 10 октомври и со Белгија на 14 октомври во Лигата на нациите.

Се вчитува...