Барселона го договори првото зимско засилување, бидејќи Феран Торес (21) и официјално побарал да си замине од Манчестер сити.
Шпанскиот репрезентативец го информирал менаџерот Пеп Гвардиола за својата одлука, а „граѓаните“ наводно нема да му стојат на патот на младиот крилен напаѓач.
Менаџерот на Торес веќе ги договорил личните услови со Барселона, а се очекува на почетокот од идната недела челниците на каталонскиот тим да заминат во Манчестер на преговори.
Премиерлигашот наводно ќе бара обештетување од 25 до 30 милиони евра. Останува да видиме каква ќе биде понудата на Барселона со оглед на лошата финансиска состојба на клубот.
Торес ја игра својата втора сезона во дресот на „граѓаните“, но не се наметна кај Гвардиола за преголема минутажа. Тој дојде од таборот на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

