Фудбалер на Манчестер Сити украл телефон на фан во ноќен клуб

Фудбалерот на Манчестер Сити, Матеус Нунеш бил уапсен во ноќен клуб во Мадрид поради кражба на телефон, откриваат шпанските медиуми.

Станува збор за случај во ноќен клуб го главниот град на Шпанија каде 58-годишно лице се обидело во тоалет да дојде до слика со фудбалерот на Манчестер Сити. Португалскиот репрезентативец не се сложул со истото, агресивно му го одземал телефонот и не му го вратил по што бил пријавен во полиција.

Како што пренесува „Ел Мундо“, Нунеш бил уапсен во 5 часот и 30 минути на 8. септември и привден во полициска станица во Мадрид каде по неколку часовен распит со интервенција на неговиот адвокат бил пуштен на слобода. Сега се соочува со судска постапка.

Се вчитува...