Фудбалер на Мец тешко повреден а загина млад италијански голфер во големата трагедија во швајцарска Кран Монтана

Европската јавност е сериозно вознемирена од трагедијата во швајцарскиот ноќен клуб во скијачкиот центар Кран-Монтана, каде што 40 лица загинаа, а 115 беа повредени на новогодишната ноќ.

Меѓу нив е и францускиот фудбалер, Тахирис Дос Сантос, кој игра за Мец, има само 19 години и добил тешки изгореници од пожарот што избувнал.

Според извештаите, една од прскалките од кибла со шампањ предизвикала пожар, што довело до трагедија и смрт на многу луѓе.

Животот на Дос Сантос не е во опасност, но тој бил итно префрлен во болница со хеликоптер, каде што добил медицинска помош.

Неговиот клуб, Мец, објави дека најважно во моментов е состојбата на 19-годишниот играч да се стабилизира, за да може да биде префрлен во друга болница, поблиску до неговото живеалиште.

„ФК Мец со длабока тага објавува дека Тахирис Дос Сантос, играч на клубот по потекло од Мон Сен Мартен, е повреден во пожарот што избувна во Кран Монтана (Швајцарија) на новогодишната ноќ. Тешко повреден, 19-годишниот млад играч е префрлен со хеликоптер во Германија, каде што е хоспитализиран и добива медицинска нега. Длабоко потресени од оваа вест, администраторите на клубот, играчите, тренерите и персоналот се во шок и ги испраќаат своите мисли до Тахирис во овој тежок момент додека се бори. Клубот, исто така, изразува целосна поддршка на неговото семејство и работи со медицинските власти за Тахирис да биде префрлен во болницата „Мерси“, близу до неговиот дом. Дополнителни информации за состојбата на Тахирис ќе бидат објавени доколку има значителни промени во неговото здравје. Дотогаш, ФК Мец ги моли сите да ја почитуваат приватноста на Тахирис и неговото семејство“, се вели во соопштението од Мец.

Но, среќа да преживее, за жал, немаше 17-годишниот италијански голфер Емануеле Галепини, кој загина во пожарот.

Младиот и перспективен голфер, кој живеел со своето семејство во Дубаи, загинал во пожарот кој избувнал во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана.

Галепини, по потекло од Џенова, бил во Швајцарија со пријатели кога избувнал пожарот во раните утрински часови на 1 јануари во барот „Ле Констелејшн“. Според извештаите од локалните власти, околу 40 лица ги загубиле животите во ужасниот инцидент, додека повеќе од стотина биле повредени, од кои многумина со сериозни повреди.

Се вчитува...