Фудбалер на Монако обвинет за сексуално злоупотребување

Фудбалерот на Монако, Висам Бен Једер е обвинет за „силување, обид за силување и сексуален напад“, а овие злосторства ги извршил на почетокот на јули на Азурниот брег.

Како што соопштија од обвинителството во Ница, 32-годишниот Французин бил ставен под судски надзор и мора „да плати депозит од 900.000 евра“.

Неговиот помлад брат, кој исто така беше обвинет, е обвинет за истите злосторства, потврди локалното обвинителство за АФП.

Според извор близок до случајот, наводните жртви се две млади жени од француска националност кои не се од регионот на Ница. Наводно се се случило на 10. јули за време на една вечер помината во градот Босолеј, кој граничи со Монако, при што браќата Бен Једер ги принудувале девојките на секс.

Бен Једер, кој во сабота го слави својот 33 роденден, кариерата ја започна во Тулуз, а потоа играше за Севилја.

Се вчитува...