Претседателите на Монца, Андреа Галијани и Силвио Берлускони направија вистинска преродба на клубот во пресрет на новата сезона.
Италијанскиот тим ќе ги стартува настапите во историското деби во Серија А, а непосредно пред него се донесе нов играч во нападот.
Станува збор за Андреа Петања од Наполи, играчот доаѓа на позајмица, за која се платени 2,5 милиони евра, а откупот од десет милиони евра ќе биде задолжителен ако Монца обезбеди опстанок.
Монца е можеби најактивниот калчолигаш на пазарот ова лето. Тимот досега донесе тринаесет нови играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА