Бразилецот од редовите на српскиот клуб Партизан, Евертон Луиз, имаше тешко попладне на „Бањица“ откако беше навредуван на расистичка основа од фановите на домашниот тим Рад. Навредливите слогани од навивачката група „Јунајтед Форс“ не престанаа во текот на целиот меч, а тоа беше и повод за инцидент меѓу двете екипи. Евертон се затрча кон трибината со домашните фанови, а потоа настана и мешаница…
„Навивачите на Рад скандираа непристојно во текот на мечот, а сите знаеме дека Евертон имаше ’краток фитиљ’. Не видов кога се затрчал кон нивната трибина по последниот свиреж на судијата, затоа што ја славев победата и се поздравував со фудбалерите на Рад, Но, навистина е жално. Почна да плаче уште на теренот. И тој е човек, како и сите ние. Не е важна расата. Секој се бори на теренот за својот тим и за себе“, изјави Бојан Остојиќ, фудбалерот на Партизан по овој немил настан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА