Младински репрезентативец на Франција од редовите на ПСЖ, Одсон Едуард е уапсен поради сомнеж дека од воздушна пушка пукал на случајни минувачи од автомобил во движење.
Едуард, кој сезонава настапува за Тулуз како позајмен играч се најде во центар на скандал и е приведен во полиција поради инцидентот во кој е повреден еден човек. Францускиот фудбалер успеал, при пукањето од воздушната пушка, да погоди во глава еден случаен минувач кој со сериозна повреда завршил на клиника.
По прегледувањето на снимките од видео камери околу патот, утврдено е дека е пукано од неговиот автомобил. Едуард се бранел дека во тој момент тој не бил во автомобилот, кој го позајмил на негов пријател.
Се чува разврската по судењето на 19-годишниот Едуард, за кого во секој случај ова ќе биде огромен чекор назад во кариерата, во која досега ги мина сите младински селекции на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА