Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс играат без голови 0-0 на полувреме во финалето во Лигата на Европа кое се игра на арената „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја.
Првото полувреме го одбележа еден несреќен момент во кој можеби играчот на Шкотите, Џон Лундстрам заслужи да добие и директен црвен картон. Тој невнимателно влезе во дуел со Себастијан Роде и со отворен ѓон го удри во главата капитенот на Германците. Роден заработи тешка повреда на главата, по која мораше да интервенира лекарскиот тим на бундеслигашот.
Иако беше целиот во крв, лекарскиот тим му ја преврза главата, а Роде херојски остана на теренот до крајот на првиот дел.
Стартот на Лундстрам можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА