Фудбалер на Салцбург доживеал инфаркт во октомври, клубот објави по два месеци

Фудбалерот на австрискиот шампион Ред Бул Салцбург, Патрик Фаркаш доживеал инфаркт во октомври месец годинава, а од клубот тоа го објавија два месеци подоцна.

Фаркаш останал без свест на последниот тренинг пред натпреварот против Наполи во Лигата на шампионите. Клубот го криеше податокот се до изјавата на фудбалерот од пред два дена.

„Немам што да кријам, сите треба да знаат што се случи. Доживеав инфаркт. Бев затвореник во сопственото тело. Во еден момент помислив дека ова е крај. Сакам се да оставам зад себе и да продолжам понатаму со животот“, изјави Фаркаш. 

Фудбалерот се вратил на тренинзите на клубот и се надева дека на почетокот на следната година ќе може повторно да заигра.

Се вчитува...