Фудбалер на Скопје со супер-интервју: Македонската лига е многу силна, за две години се гледам во Барса, Челси, Ливерпул…

Фудбалерот на македонскиот прволигаш Скопје Рашид Содик имаше интересно интервју за нигериските медиуми во кое говореше за случувањата во мак-фудбалот, но и неговите очекувања од иднината.

И додека ПМФЛ квалитативно не била никогаш послаба, а најголем пример за тоа е што македонскиот шампион догодина ќе игра претквалификации во Лигата на шампионите, Нигериецот смета дека нашата лига е многу квалитетна.

„За Македонија не знаев ништо, но видов дека луѓето се прекрасни. Прекрасна е и лигата, од тука е полесно да одиш во врвен клуб, ако го дадеш најдоброто и ако го покажеш квалитетот. Оваа лига помага да станете голем фудбалер. Македонската лига е една од најдобрите, но луѓето не се запознаени. Тука толку многу можности има, зашто добри партии ви носат преселба во врвен клуб. Јас до тука дојдов со напорна работа. Оваа лига ми овозможува да се покажам, нуди многу шанси и јас само треба сето тоа да го оправдам на теренот. Верувам дека нешто големо ќе дојде за мене, а најважна во моментов е посветеноста. За две години се гледам во некој гигант како Барселона, Челси, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал… Верувајте нема да престанам да работам додека не го остварам тоа. Тоа е мој сон и секојдневно напорно работам за да стигнам до највисоко ниво, а со помош на Бог – ќе успеам“, изјави Содик. 

Се вчитува...