Фудбалер на Унион одбил да се поздрави со тренерот, клубот го суспендираше

Фудбалерот на Унион Берлин Давид Фофана, е суспендиран на една недела од клубот. Причината е поради тоа што играчот одбил да се поздрави со тренерот Фишер после натпреварот со Наполи.

Наполи успеа да го добие натпреварот со 0-1 на Олимпискиот стадион во Берлин, и така оставајќи го германскиот тим на дното на табелата без ниту еден освоен бод од три натпревари. На споменатиот натпревар, Фофана играше во првите 11, но беше заменет во 70. минута, што очигледно не му се допаднало на играчот.

Ова е уште еден „удар“ за германскиот тим, кој за првпат игра во Лигата на шампионите после импресивната сезона лани, меѓутоа во оваа не му оди на тимот.

Фофана е позајмен играч од Челси, и има договор со Унион до крајот на сезоната, кога ќе се врати повторно во лондонскиот тим.

Се вчитува...