Фудбалер на Вест Хем доживеа сообраќајка и заврши во болница

Фудбалерот на Вест Хем, Мануел Ланцини вчера имал сообраќајна незгода, и според изјавите на сведоците „имал среќа што останал жив“.

Автомобилот наводно бил целосно уништен, а до несреќата дошло откако Аргентинецот управувал со своето возило и се упатувал кон тренинг на тимот, при што изгубл контрола и удрил во дрво.

Итната служба морала да го вади Ланцини од автомобилот, при што бил пренесен во болница, но веднаш бил пуштен дома и му било дозволено да игра фудбал.

Тој вчера и се јави од болницата и истакна дека се чувствува добро. Ланцини веќе седма сезона е во тимот на Вест Хем.

Се вчитува...