Вест Хем Јунајтед со 0-2 го совлада Манчестер Јунајтед во 36. коло од Премиерлигата, забележувајќи ја втората победа против славниот англиски клуб во текот на сезоната.
Дел од натпреварот беше и Гуидо Родригез, аргентинскиот фудбалер од средниот ред кој доби шанса во второто полувреме. 31-годишникот пристигна во Вест Хем Јунајтед на стартот на сезоната, а со настапот на „Олд Трафорд“ му се исполнил детскиот сон, откри низ солзи по натпреварот.
„Малиот Гудио кој секое неделно утро дома гледеше натпревари во Премиерлигата и мечеви на „Олд Трафорд“ сонувајќи дека ќе биде фудбалер еден ден, денеска ќе биде многу горд што оствари со својата посветеност. Уживам во секој момент од процесот. Сега плачам по натпреварот. Ќе продолжам да ги бркам моите соништа“, кажа емотивниот Аргентинец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

