Фудбалер од Косово на листата со желби на Барса

Барселона е во потрага по нови напаѓачи за летниот преоден рок, а на листата со желби на директорот Деко се најде и едно неочекувано име – косовскиот репрезентативец Фисник Аслани.

Овој фудбалер блеска во дресот на Хофенхајм и веќе е најавено дека летово го очекува трансфер во поголем клуб, а неговиот агент Ајман Дахмани потврди дека интересот на Барса е сосема реален.

„Тоа не е обична шпекулација, Барселона навистина се интересира за Аслани. Можам да потврдам дека каталонскиот џин веќе воспостави контакт и водени се првични разговори за овој трансфер“, обелодени Дахмани.

Аслани има договор со Хофенхајм до 2029 година, но има клаузула за заминување пониска од 30 милиони евра што каталонците би ја активирале бидејќи германскиот клуб не сака ни да разговара за пониска отштета од онаа предвидена во клаузулата.

Овој 22-годишен напаѓач сезонава има девет гола и шест асистенции во дресот на Хофенхајм, воедно и постигна четири гола на последните седум репрезентативни натпревари.

Покрај Барселона, во трката за Аслани се наоѓаат и двата лондонски премиерлигаши, Челси и Тотенхем чии скаути во последните месеци неколку пати ги следеле во живот настапите на косовскиот репрезентативец.

Се вчитува...