Фудбалер од Уругвај се самоуби откако му заврши самоизолацијата

Уругвајскиот фудбалер Вилијамс Мартинез е пронајден мртов во својот стан, а најверојатно се работи за самоубиство, пренесуваат локалните медиуми. Тој бил во самоизолација откако бил позитивен на коронавирус.

38-годишникот беше член на второлигашот Вила Тереза, а во кариерата запиша и еден настап за уругвајската репрезентација. Во Европа настапуваше за Вест Бромвич Албион, Валенсиен и Ремс.

 

Се вчитува...