Фудбалер разочаран од Роналдо: Му го побарав дресот, а тој не ме ни погледна

Тимот на Роналдо, Ал Наср загуби во полуфиналето на Купот на Кралот во Саудиска Арабија од Ал Вехда со 1-0. Тоа значи дека славниот Португалец во првата сезона во Саудиска Арабија ќе остане без трофејот во Купот, иако му „бега“ и пехарот во првенството. Претходно испадна и од Суперкупот.

Полуфиналниот меч го одлучи Жан-Дејвид Беагуел во 23. минута. Јунакот на Ал Вехда се обидел после натпреварот да го размени дресот со Португалецот, но во тоа не успеал. И останал разочаран од односот на големата ѕвезда.

„Разочаран сум. После натпреварот му кажав дека сум негов голем фан, и му го барав дресот. Ми пружи рака, но не ме ни погледна. Се чувствуваше презир во воздухот“, рече Беагуел.

„Не сакав ништо да му кажам, а јас пораснав со неговите видеа. Знам дека беше разочаран поради поразот, но неговиот став ме изненади. Дури и на теренот ги вознемируваше играчите, викаше, се дереше, ги критикуваше“, изјави фудбалерот.

Се вчитува...