Сенегалецот Ламине Диак својата кариера ќе ја продолжи во Франција, каде стави потпис на договор со прволигашот Нант.
22-годишниот играч за врска од сезона во сезона напредува во својата кариера, а преминот во Нант е само доказ плус за тоа.
Диак е добро познат и на македонската фудбалска јавност, затоа што во периодот од 2019 до 2021 го носеше дресот на тимот на Шкупи.
По Шкупи тој настапуваше и за Тузласпор и Анкарагучу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА