Фудбалер уапсен, со лисици на раце изнесен од терен, на сред натпревар во Перу

Фудбалерот на перуанскиот Комбири, Сесар Монталво беше уапсен на сред натпревар со Хуанте, поради наводен лажен идентитет.

За време на мечот од Купот на Перу, полициски единици упаднале на терен и со лисици на рацете го извеле фудбалерот надвор од теренот. Како што пренесуваат медиумите, полицијата добила докази дека Монталво е всушност Хозе Антонио Лараин Контрерасма, криминалец кој бил две години во бегство, а осуден поради разни нелегални активности, закани, физички пресметки и кражби.

Монталво, излегувајќи од терен, постојано викал дека тој не е Контрерасма. Но, и покрај тоа веднаш му е одреден притвор во обид да се докаже неговиот идентитет. Се заканува затворска казна и за раководството на Кимбири ако се докаже дека свесно криеле криминалец.

Се вчитува...