Фудбалери на Перу во проблеми, се судриле со полицијата во Мадрид (ВИДЕО)

Неколку репрезентативци на Перу се судрија со шпанската полиција, пренесува шпански „ЕСПН“. Инцидентот се случил во хотелот во кој се сместени перуанските фудбалери, кога навивачи сакале да се доближат до фудбалерите и да се фотографираат.

Меѓутоа еден полицаец во еден момент турна еден од фудбалерите, по што останатите реагираа.

Перунаските фудбалери се на турнеја во Европа. Пред неколку дена одиграа пријателски меч со Германија во Мајнц, и го загубија 2-0. Во Мадрид треба да играат против репрезентацијата на Мароко.

Се вчитува...