Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години доживеа убедлив пораз (0-4) на првиот пријателски натпревар што се одигра денеска на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Избраниците на селекторот Звонко Златановски по првиот дел имаа негатива од 0-2, а во второто полувреме примија уште два гола.
Каспер Шморгол во 16.минута ја доведе селекцијата на Полска во водство, а десет минути подоцна Хуберт Турски зголеми на 0-2. Во второто полувреме и Рафал Влодарчик и Игор Лавринович се запишаа во листата на стрелците.
Македонија и Полска в четврток ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА