Македонската фудбалска репрезентација до 17 години славеше со 1-0 во вториот пријателски натпревар против врсниците од Романија одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
За разлика од првиот меѓусебен натпревар кој заврши со победа од 3-2 на Романците, овој пат Македонија беше подобар противник во текот на сите 90. минути, а стрелецот на победоносниот гол беше Никола Стојковски кој ја затресе мрежата во 65. минута.
Избраниците на Вујадин Станојковиќ можеа да слават и поубедливно, но Манојлов, Алији и Незири не успеаја да ги реализираат своите шанси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА