Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години доживеа пораз од Исланд (1-4) на стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година.
На турнирот кој се игра во Рејкјавик, домаќинот без поголеми проблеми славеше против нашата репрезентација. Исланд поведе со 0-1 во 30. минута со голот на Севарсон. Само шест минути подоцна беше 0-2 со погодокот на Олсен.
Во вториот дел на 0-3 зголеми Кристјансон во 62. минута. Во 70. минута беше и 0-4 со погодокот на Дадасон, додека нашите надежи го ублажија поразот во 93. минута (1-4) со погодокот на Марковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА