Фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години одигра реми 2-2 против Унгарија на контролниот натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Иако нашите надежи имаа негатива од 0-2, до крајот на мечот успеаја да стигнат до реми. Флорент Османи и Бојан Велков во 78. и 82. минута ги постигнаа погодоците за Македонија.
Претходна истата репрезентација славеше во пријателска против Индонезија со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

