Фудбалерите до 18 години поразени од Бугарија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години денеска во Струмица загуби со 1-2 од соодветната селекција на Бугарија во првиот од двата контролни натпревари.

Македонија поведе уште во 17. минута преку Флори Иљази, но не успеа до крајот да го задржи водството. Во вториот дел Давид Ангелевски промаши пенал за 2-0, по што следуваше пресврт.

Мранков изедначи во 61. минута на 1-1, а Михајлов во 74. минута донесе победа за гостите (1-2).

Возвратниот натпревар е закажан за сабота, 28 февруари, во Петрич, Бугарија.

Се вчитува...