„Фудбалерите едноставно не сакаат да играат за Ливерпул“

Еден од најпознатите фудбалски новинари во светот и човек кој прв ги дознава сите трансфери, Фабрицио Романо тврди дека во моментов голем број на фудбалери не сакаат да играат за Ливерпул. „Црвените“ имаат голем број проблеми со повреди, а посебно во дефанзивната линија каде останаа без Вирџил ван Дајк до крајот на сезоната, а повредени се и Жоел Матип и Џо Гомез.

„Многу фудбалери во моментов не сакаат да играат за Ливерпул бидејќи ќе одиграат пет, шест, седум меча и потоа ќе го загубат местото првотимец во тимот од ѕвездите кои ќе се вратат од повредите. Ќе треба да ја поминат целата сезона на клупата за резерви“, изјави Романо. 

Ливерпул сепак ќе се обиде да донесе некој фудбалер во зимскиот преоден рок, но дали тоа ќе им успее или сепак Романо е во право останува да видиме.

Се вчитува...