Фудбалерите го одработеа првиот тренинг во Абу Даби (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација, составен главно од фудбалери од домашното првенство, а дополнета и со двајца интернационалци, го одработи првиот тренинг во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати каде на 22. октомври ќе го игра пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија.

Селекторот Благоја Милевски за овој дуел во Абу Даби води 20 фудбалери од кои 18 од македонскиот шампионат, плус  интернационалците Дарко Велковски, кој игра во Саудиска Арабија како и Кристијан Тошевски од Тирана, Албанија, откако во последен момент поради повреда отпадна Мартин Стојанов од бугарскиот прволигаш Септември Софија.

 

 

Се вчитува...