Фудбалерите го почувствуваа „Паркен“ – Оваа генерација може до ново чудо (ВИДЕО)

ЕКИПА во Копенхаген,
Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на „Паркен“ во Копенхаген го имаше официјалниот тренинг пред утрешниот бараж полуфинален натпревар против Данска за пласман на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

На тренингот селекторот Гоце Седлоски можеше да смета на сите расположливи сили со кои допатува во престолнината на Данска. Иако претходно се жалеше на ситна повреда, денешниот тренинг го одработи и дефанзивецот Висар Муслиу.

Натпреварот на „Паркен“ е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...