Фудбалерите и претставниците на лигите ќе ја тужат ФИФА

Глобалниот сојуз на професионални фудбалери ФИФпро во соработка со претставниците на еминентните европски национални првенства, поднесе жалба до Европската комисија против Светската куќа на фудбалот (ФИФА) поради исцрпувачкиот распоред на натпреварувањата, кој вклучува голем број на натпревари.

Во претходниот период, бројни истакнати фудбалери, како и нивните претходници и новинари, во јавноста зборуваа за актуелниот проблем што го создава ненаситната глад за пари на ФИФА на сметка на играчите – со континуираното зголемување на бројот на натпревари од сезона во сезона.

Асот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри беше најотворен и без двоумење зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат фудбалерите, за набргу потоа да заработи тешка повреда која ќе го оддалечи од терените во следните неколку месеци.

Челниците на ФИФпро и врвните европски лиги, кои претставуваат клубови од најмалку 30 земји, се договорија во јули да го решат постоечкиот спор преку правни средства. ФИФпро поднесе официјална жалба против ФИФА поради проширувањето на Светското клупско првенство на 32 екипи следната година, а потоа и на 46 учесници во 2026 година.

Во забелешката се наведува дека пренатрупаниот календар на фудбалски натпреварувања е во спротивност со законите за натпреварувачка работа во Европската унија, претставува опасност за добросостојбата на фудбалерите, но и ги апострофира постапките на ФИФА како неосновани и нехумани.

Се вчитува...