Фудбалерите ја исполнија желбата на Јане (ФОТО)

Малиот херој Јане Велкоски ден пред натпреварот им посака на фудбалските репрезентативци многу успех со Гибралтар, да победат и да го освојат првото место. Тој застана до нив и на официјалното претставување и изведување на химните, излегувајќи на теренот со најдобриот другар, Бобан Николов.

Фудбалерите му ја исполнија желбата, ја освоија првата позиција, и се залетаа кон конечната цел – пласман на Европското првенство во 2020 година преку плејофот во Лигата на нации. Јане сигурно ќе ги бодри и на сите наредни натпревари…

Се вчитува...