Фудбалерите „летнаа“ за Даблин (фотогалерија)

Македонската фудбалска репрезентација од скопскиот аеродром „полета“ за Даблин, каде нашите фудбалери во вторник со почеток во 20.45 часот ќе го одиграат пријателскиот меч со селекцијата на Република Ирска.

Дуел на две селекции кои беа поразени во полуфиналето од бараж за СП 2026, па далеку од посакуваната атмосфера ќе сакаат само што побрзо да го одработат овој меч.

Македонската репрезентација утре ќе го одржи официјалниот тренинг на стадионот на одигрување на мечот, каде во вторник избраниците на Седлоски ќе се обидат да прикажат далеку подобра игра од онаа во Копенхаген.

 

Се вчитува...