Фудбалерите „летнаа“ за Фарски Острови, желбата е јасна – победа и три бода (фотогалерија)

Македонските фудбалски репрезентативци тргнаа на пат кон Вагар на Фарските Острови, каде ги очекува пресметка со домашната селекција за старт на новото издание од Лигата на Нации.

„Црвено-жолтите“ во одлична атмосфера тргнаа на долгото патување, решени да го остават зад себе разочарувачкиот последен квалификациски циклус и со позитивна енергија да се обидат да стигнат до нов успех.

Желбата на сите е јасна, победа и три бода со кои уште повеќе ќе се зголеми самодовербата пред наредниот меч со Ерменија, но и ќе се истакне кандидатурата за освојување на прво место во групата.

Се вчитува...