Фудбалерите летнаа за Прага: Саудиска Арабија е одличен тест (фото)

Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Прага, каде утре со почеток во 17 часот ќе го игра пријателскиот меч со селекцијата на Саудиска Арабија.

Во ситуација кога сме слободни во првиот дел од овој септемвриски прозорец, беше договорен квалитетен контролен меч што сигурно ќе биде добредојден за селекторот Милевски и за фудбалерите пред финалните предизвици од овој квалификациски циклус. Неколку дена подоцна на домашен терен го пречекуваме Лихтенштајн, дуел на кој победата е задолжителна, но „црвено-жолтите“ не кријат дека сакаат серијата позитивни резултати да ја продолжат и против Саудиска Арабија, без разлика што станува збор за пријателски меч.

Македонија е во позитивен фудбалски ритам, тој нека продолжи и утре попладне во Прага…

Се вчитува...