Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево полета за Велс, пред гостувањето во Кардиф против оваа островска селекција кое ќе реши за второто место во групата.
Баражот е веќе обезбеден преку Лигата на Нации, но во нашиот табор владее максимална желба да се стигне до позитивен резултат во Кардиф, со што би се испишала историја во македонскиот фудбал – цел еден квалификациски циклус без претрпен пораз.
Кога можевме да одолееме во Гент, зошто да не и во вторник во Кардиф против Велс, па како второпласирани да влеземе во мундијалскиот бараж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА








