Фудбалерите на Баерн ги исмеваат судиите – Важи ли офсајд за Роналдо?!

Двата гола што ги постигна Кристијано Роналдо во продолжението на реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн, за конечните 4-2 или вкупни 6-4 за Реал Мандрид во овој дуел, предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи. Некои од фудбалерите на Баерн по натпреварот на своите профили ги исмеваа судиите и нивните спорни одлуки.

Во регуларниот дел, натпреварот заврши со резултат 1-2 во корист на Баерн, но во продолженијата германскиот тим влезе со играч помалку бидејќи во 84.минута Артуро Видал доби втор жолт картон.

viktor-kassai-arturo-vidal

А потоа следуваа два шока за Баерн. Во 105.минута Роналдо се најде во недозволена позција кога Серхио Рамос му ја упати топката, но судиите не го видоа тоа, по што Португалецот го постигна својот втор гол на овој меч за 2-2. Пет минути потоа, Роналдо за половина чекор беше пред Марсело кога тој во контра го проигра за 3-2.

ronaldo 2

Франк Рибери беше бесен на теренот, а потоа го дочека крајот на мечот со иронична насмевка за Виктор Касаи и за неговите колеги. По завршувањето на натпреварот, фудбалерот на Баерн на Инстаграм постираше обработени фотографии од спорните ситуации, покажувајќи дека „офсајдот не важи за Роналдо“ .

riberi 1

„Една година напорна работа… Благодарам, судија, бравоооо!“ – напиша Рибери.

Кога Кристијано Роналдо го постигна првиот гол од офсајт на истекот на првото продолжение, на социјалните мрежи реагираше и стоперот на Барселона, Жерар Пике.

Тој на својот Твитер профил остави „…“ .

pike

Реакцијата на Пике неговите „три точки“ веднаш стана хит на социјалните мрежи со над 200 илјади ретвитови за еден час.

Се вчитува...